Продолжува да паѓа стапката на невработеност во земјава. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година активното население во Македонија изнесувало 958.393 лица, од кои вработени се 690.965, а 267.428 лица се невработени. Стапката на вработеност е 41,3 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 27,9 отсто. Тоа значи дека невработеноста се намалила за 0,3 процентни поени, во споредба со третото тримесечје од годинава, кога невработеноста изнесуваше 28,2 отсто. Инаку, Македонија според стапката на невработеност поодамна е на врвот на Европа, иако таа е во опаѓање во последните неколку години. На крајот на 2012 година стапката на невработеност изнесуваше 30,6 отсто, а на крајот на 2013 падна на 28,7 отсто.
Продолжува да паѓа стапката на невработеност во земјава. Според вчерашните податоци на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2014 година активното население во Македонија изнесувало 958.393 лица, од кои вработени се 690.965, а 267.428 лица се невработени. Стапката на вработеност е 41,3 отсто, додека стапката на невработеност изнесува 27,9 отсто.
Тоа значи дека невработеноста се намалила за 0,3 процентни поени, во споредба со третото тримесечје од годинава, кога невработеноста изнесуваше 28,2 отсто.
Инаку, Македонија според стапката на невработеност поодамна е на врвот на Европа, иако таа е во опаѓање во последните неколку години. На крајот на 2012 година стапката на невработеност изнесуваше 30,6 отсто, а на крајот на 2013 падна на 28,7 отсто.